ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Падна одлука: ВОНРЕДНИ мерки поради загадувањето во Скопје – веднаш стапуваат на...

Падна одлука: ВОНРЕДНИ мерки поради загадувањето во Скопје – веднаш стапуваат на сила

136

Министерството за животна средина и просторно планирање утрово информира дека за град Скопје стапуваат на сила мерките при надминат праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри заради надминување на пропишаната гранична вредност во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

На мерната станица Лисиче Ректорат е измерено над 150 mg/m3 ПМ10 честички, особено пред два дена кога биле измерени 211.

Во претходните години, Јавното сообраќајно претпријатие најавуваше бесплатен јавен превоз како дел од мерките поради високата загаденост на воздухот во главниот град.

Поради тоа, надлежните институции препорачаа да бидат ослободени од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лица на отворено да работат од 11 до 17 часот.

Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба. Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, здравствените дом и единиците за локална самоуправа, треба да обезбеди прифатилишта за сместување на бездомници и да даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни

ПретходнаПосилен земјотрес ја погоди Турција
СледнаАрсовска: ВМРО-ДПМНЕ е власт во Скопје – јас се борам сама против сите нив