ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Страшна вест ја потресе Македонија: Бебето умрело во матката, а по два...

Страшна вест ја потресе Македонија: Бебето умрело во матката, а по два месеци и родилката на Клиниката за гинекологија

168

Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на Клиниката, но за жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката не преживеала.

Родилка, чие бебе во август умрело пред породување, а нејзината состојба се искомлицирала, по серија операции и долга борба за нејзиниот живот, во октомври починала на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, потврдија од извори во болницата.

Во клиниката велат дека пациентката е примена во 9. месец од бременоста со компликации и здравствени проблеми. Плодот, кој заостанувал со развојот за најмалку 5 недели, за шест дена од приемот престанал да дава знаци на живот во матката на родилката. Врз пациентката е извршен царски рез и безживотниот плод е изваден, но поради придружните болести продолжиле компликациите кај родилката, поради кои се преземени неколку хируршки зафати.

Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на Клиниката, гинеколози, анестезиолози, како и дежурните тимови. Во клиниката велат дека тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се носеле конзилијарно, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи, но за жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегнала на компликациите.

Во Клиниката ги отфрлаат претпоставките дека станува збор за лекарска грешка, и велат дека во државата постои стручно тело кое ги испитува сите случаи со фатален исход кај родилки и новороденчиња, и тоа тело ќе го даде конечниот збор. Се очекува наскоро да излезат обдукцискиот и хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката и причините за смртта.

Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни