ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Македонските печалбари треба да го знаат ова: Заработката не е иста во...

Македонските печалбари треба да го знаат ова: Заработката не е иста во источна и во западна Германија

327

Германија е една од најпосакуваните дестинации за работа за многу Македонци, но не сите делови на оваа земја нудат исти услови и перспективи, пишува Денар.мк

Според податоците, просечната бруто плата во Германија во 2022 година изнесувала 4.010 евра, но оваа сума се разликува значително од регион до регион.

Највисоки плати се исплаќаат во југозападниот дел на Германија, каде што се наоѓаат и најразвиени индустриски области.

Во Баден-Виртемберг, просечната бруто плата во 2022 година изнесувала 4.591 евра, а во Хесен – 4.542 евра. Следува Баварија со 4.418 евра и Северна Рајна-Вестфалија со 4.217 евра.

Од друга страна, најниски плати се забележани во источните делови на Германија, каде што и денес се чувствуваат последиците од поделбата на земјата по Втората светска војна.

Во Мекленбург-Померанија, просечната бруто плата во 2022 година изнесувала само 3.041 евра, а во Саксонија-Анхалт – 3.045 евра. Не многу подобро се плаќаат работниците во Тирингија (3.077 евра), Саксонија (3.154 евра) и Бранденбург (3.292 евра).

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.

ПретходнаСите Македонци МОРА да го знаат ова: Што точно се случи пред 120 години, кога во Софија ги палеа книгите на Мисирков
Следна(ВИДЕО) Го имаме ХИТОТ за крај на 2023: Софија Ангелова освојува со песната „ЕДИНСТВЕНА“