Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на булеварот „Србија“ во скопската општина Аеродром. До незгодата дошло на на раскрсницата кај крстот, каде што се спојуваат булеварите „Србија“ и „Трета македонска бригада“.
Неофицијално, се судриле три возила, од кои едното е преполовено од силината на ударот. Несреќата се случила околу 20 часот, а не е познато дали и колку повредени лица има во несреќата, како и кој ја предизвикал, но и што е причината.
Се очекува денеска полицијата да излезе со повеќе информации.
Ова е само уште една нова сообраќајна несреќа што се случува на овој мошне прометен булевар. Неодамна, малку подалеку, кај безинската пумпа на „Лукоил“ се случила, исто така, тешка сообраќајна незгода. Тогаш, беше прегазено едно девојче кое притоа се здобило со тешки телесни повреди.
Целиот текст на Скопско ехо – клик ТУКА.