ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Откако ја убил Вања, Палчо добил голема сума на пари од Швајцарија...

Откако ја убил Вања, Палчо добил голема сума на пари од Швајцарија – парите ги извадил во Србија

269

Киднаперите на Вања Ѓорчевска имале добро утврден план и рута, кои биле вежбани со денови пред нејзиното грабнување, открива истрагата на КОД.

Во вчерашната емисија во која се зборува околу случајот со убиството на 14-годишното девојче и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, двајцата жртви на организирани криминалци, се открива дека се вежбала рутата на движење, а паркинг местото каде што чекале да дојде точното време било намерно одбрано во мртов агол за да не бидат фатени од камерите на „Безбеден град“.

Вања првично била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч и била негова. Таму и биле врзани рацете и нозете, по што била ставена во вреќа за спиење. Грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември- петок, меѓутоа се предомислиле бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.

Според информациите на КОД, пак, Палевски пак при бегството уште пред официјалната истрага, во Србија преку брз трансфер на пари, добил голема сума на пари од лице од Швајцарија. Палевски ги зел парите и со нив живеел неколку дена во Србија по што стасал до Балибекир, каде еден од соучесниците имал бизнис партнер, се вели во емисијата.

Целата емисија на КОД погледнете ја со клик ОВДЕ.

Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни