ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Планот за киднапирање на Вања траел долго време, еднаш имале обид –...

Планот за киднапирање на Вања траел долго време, еднаш имале обид – ама бил безуспешен, се откажале поради ОВАА причина

83

Емисијата на телевизија Телма открива детали за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска, кои фрлаат нова светлина на случајот.

Грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чиј живот ќе заврши со прострелна рана во главата, било планирано долго време, а во главната ролја бил контроверзниот Љупчо Палевски Палчо, осомничен за убиството.

Детали од планот открива емисијата „Код“ на телевизија Телма. Според авторите, грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември. петок, но се предомислиле, бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.

Еден ден пред да ја грабнат Вања, грабнувачите еднаш веќе поминале пред зградата, а претходно, тие добро ја проучиле рутата по која треба да се движат, но и паркинг местото кадешто чекале да дојде точното време за да ја грабнат жртвата.

„Цитроенот“ на велешанецот Жежовски се движел по однапред утврдена рута со брзина на пешак, со што се симулира движењето на Вања до училиште. Првите снимки се од блиска менувачница.

Грабнувачите го пронашле и мртвиот агол, за да не бидат фатени од камерите на „Безбеден град“.

Палевски, при бегството, уште пред официјалната истрага, во Србија, преку брз трансфер на пари, добил голема сума од лице од Швајцарија. Палевски ги зел парите и со нив живеел неколку дена во Србија, по што стасал до Балибекир во Турција, кадешто еден од соучесниците имал бизнис партнер, се вели во емисијата.

Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни

ПретходнаОткако ја убил Вања, Палчо добил голема сума на пари од Швајцарија – парите ги извадил во Србија
СледнаФОТО: Таму живеат и многу Македонци – страотна поплава во Германија, итно се евакуираат жителите