Во Чешка е Ден на жалост за жртвите од пукањето на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага на почетокот од оваа недела. Знамињата на зградите на јавните институции беа спуштени на половина копје, а на нив беа додадени и црни ленти.
Многу предбожиќни настани беа откажани, а државната телевизија емитуваше специјална програма.
Студентот Давид Козак отвори оган во четвртокот попладне од главната зграда на Филозофскиот факултет на Универзитетот, при што загинаа 14 лица, а беа повредени 25. Според полицијата, напаѓачот, кој легално поседувал голем арсенал, потоа се застрелал. Се верува дека го убил својот татко пред масовното пукање во центарот на Прага и дека пред една недела убил маж и неговата ќерка.
Aneta Richterová, milovaná dcera a ségra, usměvavá a za všech okolností vždy upřímná kamarádka a aktivní členka týmu SDH Velichovky… "Byla součástí každého jednoho z nás." pic.twitter.com/nhHpkpsOGV
— 🔎 Katerina Mahdalova 🖤 (@data_zurnalist) December 22, 2023
Портпаролот на полицијата Јан Данек потврди за iDNES.cz дека оружјето со кое се убиени маж и бебе во шумата Клановице се совпаѓа со она што го поседува напаѓачот од Прага.
„Истрагата сè уште е во тек. Се уште ништо не е завршено. Останува да ги почекаме конечните заклучоци“, изјави портпаролот на полицијата.
6 out of 14 victims of Christian terrorist of Prague, David Kozák:
Lenka Hlávková (49), musicologist,
Jan Dlask (50), expert on Swedish literature
Aneta Richterová (20), first-year student
Klára Holcová (20), student
Magdaléna Křístková, student
Lucie Špindlerová (20), student pic.twitter.com/7Wn4mkpXRa— Spartacus 🇵🇸 (@gypsyspartacus) December 23, 2023
Според локалните медиуми, 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка биле убиени во шумата. Шефот на Одделот за убиства во Прага, Алеш Штрах, смета дека убиецот немал само една конкретна причина за убиствата, туку дека тоа е комбинација од повеќе мотиви.
Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни