ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Апасиев со порака до Мицкоски и Ковачевски: Ќе ве УСРЕЌАМ – ќе...

Апасиев со порака до Мицкоски и Ковачевски: Ќе ве УСРЕЌАМ – ќе се тркаме заедно во КЕЦОТ

149

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на претстојните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица.

„Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот“, објави Апасиев на фејсбук.

Претходно, претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавија дека на следните избори ќе се кандидираат во првата изборна единица.

Парламентарните избори се закажани за 8 мај в година, во ист ден со вториот круг од претседателската трка. Првиот круг за избор на претседател пак, ќе се одржи на 24 април.

Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни