Тројца пешаци се прегазени од автомобили во текот на вчерашниот ден во државата.
Според информациите од полицијата, сообраќајните незгоди се случиле во Гостивар, Скопје и Куманово, а пешаците, меѓу кои две се жени, со тешки повреди се пренесени до најблиските болници.
Во Гостивар на улицата Мајор Чеде Филиповски, во 18.55 минути, „ауди“ управувано од К.Б. (40) од Тетово удрило во 57-годишната С.С. од Гостивар.
Еен час подоцна, во Скопје, на улицата Антон Попов, „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Н.(25) од Скопје удрило во А.О.(29) од селото Форино, гостиварско.
Вечерта околу 20 часот во Куманово, на крстосницата од улиците Железничка и Индустриска патничко моторно возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(36) од селото Черкези, кумановско удрило во К.М.(77) од с.Гошинце, кумановско.
На сите локации, полициските службеници извршиле увид.
Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни