ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Доказ кој отвара многу мистерии за убиството на Вања: Обвинителот проговори и...

Доказ кој отвара многу мистерии за убиството на Вања: Обвинителот проговори и откри што сè уште се чека

163

Извештајот од судска медицина за убиството на на 14 годишната Вања Ѓорчевска пристигна на адресата на Основното јавно обвинителство. Сите добиени анализи за смртта на девојчето по направената обдукција се испратени кај обвинителот кој ја води истрагата за овој предмет, потврдуваат од ОЈО Скопје, <a href=”https://telma.com.mk/2023/12/22/izveshtajot-od-obdukcijata-na-vanja-stigna-do-obvinitelstvoto/” rel=”noopener” target=”_blank”>пренесе Телма.</a>

Оттаму дополнителни информации околу извештајот не даваат, бидејќи истрагата се уште е во тек.

Извештајот е еден од клучните докази во истрагата и целосно расветлување на случајот. Кога настапила смртта на Вања и под кои околности се дел од прашањата на кои одговор треба да даде судска медицина.

Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување. Во десет часот е застрелана, а осомничениот за нејзиното убиство е Љупчо Палевски Палчо.

Пронајдена е мртва на 3 декември. За изготвување на извештајот беа потребни речиси 3 недели. На него претходеше и обдукција на телото.

Досега е познато дека Вања е ликвидирана со куршум. Два пиштоли беа пронајдени. Но, се уште не се знае дали се поврзани со убиството. На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето ан Вања.

Палевски ја напушти државата на 30 ноември и преку Србија и Бугарија избега во Турција каде беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир. Тој сега се наоѓа во екстрадиционен притвор. Ќе бидат потребни месеци за тој да биде екстрадиран во Македонија. Другите осомничени за грабнувањето и помагање на убиство Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во притвор. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓурчевски.

Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни

ПретходнаНАЈНОВИ ВЕСТИ – Ковачевски и Бочварски откриваат кога ќе биде завршен патот Охрид – Кичево
СледнаГолема тага во Битола: Почина поранешниот градоначалник