ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Владата на СДСМ и ДУИ вработува над 500 луѓе, ВМРО-ДПМНЕ вели: Тоа...

Владата на СДСМ и ДУИ вработува над 500 луѓе, ВМРО-ДПМНЕ вели: Тоа не е добро

158

Веста која ја потресе Македонија и Скопје: Погледнете што и правел синот на својата мајка

Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања, во оваа институција, е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари.

-Ако на народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ, еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со вакви потези, се руши кредибилитетот на државата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ

Според нив оваа власт, на чело со ДУИ и СДСМ, по катастрофалниот пораз на изборите, ќе бидат запаметени, како најголем кочничар на Македонија, на патот кон ЕУ.