ПОЧЕТНА СВЕТ Вчера завршија изборите во Србија, опозицијата не ги признава резултатите: Излегуваат на...

Вчера завршија изборите во Србија, опозицијата не ги признава резултатите: Излегуваат на улица

108

Како се слави во штаб:

Опозиционерите обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани. Побараа поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание и најавија протест за денеска во 18 часот.

Опозициската коалиција „Србија против насилство“ објави дека Спрската напредна партија (СНС) – матичната партија на Александар Вучиќ – на изборите во Белград освоила 21 000 гласа повеќе од нивната листа. Опозиционерите обвинија дека во Белград организирано биле донесени над 40 000 луѓе без легален престој за да ја поддржат листата на СНС што, како што велат, драстично ја променило изборната волја на белграѓани.

„Нема збор дека СНС победи во Белград, и покрај изборната кражба и носењето луѓе од страна. Според информациите на опозицискиот блок, издадени се 40 000 лични карти за луѓето да дојдат да гласаат со белграѓани. Луѓето кои не се од Белград беа донесени да гласаат во Белград“, изјави синоќа Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на коалицијата „Србија против насилството“

„Сведоци сме на невидено изборно насилство. Она што се случи денеска низ цела Србија не може да биде нешто што можеме да го прифатиме како резултат на демократски и фер избори“, додаде тој.