ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тасев: Кога Ахмети ќе сонува луѓето во Македонија да живеат добро?

Тасев: Кога Ахмети ќе сонува луѓето во Македонија да живеат добро?

109

Колумна на Никола Тасев:

Во својот роман „Палатата на соништата“, албанскиот писател Исмаил Кадаре брутално опишал како делува тоталитарна држава, каде што граѓаните се под таква силна контрола, што морале секој ден, своите сонови да му ги раскажуваат на Султанот, за тој да ги толкува нивните намери. Страшна работа!

Во Македонија, денес, за среќа на нашите Султани се уште не им текнало да ни бараат да им ги раскажуваме соништата. Кај нас има слобода и демократија, па можеме слободно соништата да си ги сочуваме за себе. Но, затоа пак нашите Султани имаат потреба, преку своите везири, да ни ги раскажува нивните соништа. А бајаги сонуваат… особено пред секои избори!

Најновиот таков сон ни го раскажа министерот Османи минатата недела, кога го објави името на Талат Џафери како кандидат за Премиер на техничката влада, па ни раскажа што ново сонувал „Султанот“ Ахмети – Албанец за претседател на Македонија.

А Ахмети сонува многу, а и соновите претежно му се остваруваат. Во тоа несебично му помага и коалициониот партнер СДСМ. Иако, кога Ахмети сонува и го раскажува сонуваното, од СДСМ, на почеток се потсмеваат, па дури и ги загнуваат своите медиумски потрчковци и аналитичари да објаснуваат зошто сонот не е остварлив, сепак на крај тие си ја прифаќаат улогата на статисти во неговиот сон. Еве, за еден месец уште еден сон на Ахмети, сонуван пред 4 години – Албанец за Премиер, со помош на СДСМ, ќе се претвори во јаве.

Целата колумна порчитајте ја на Скопско Ехо – клик ТУКА.