ПОЧЕТНА СВЕТ ЕВН остави без струја цела кочанска населба – жителите гневни: До кога...

ЕВН остави без струја цела кочанска населба – жителите гневни: До кога ние ќе страдаме на сметка на дивоприклучените ајдуци

118

Жителите на кочанската населба Трајаново Трло веќе втор ден мака мачат со електричната енергија. Проблемот се јавил вчера кога однемало една фаза. Екипите дошле синоќа, но не го решиле проблемот.

На терен имало екипи од утрово, работеле, но си заминале без повторно да го решат проблемот. За проблемот да биде поголем, само што паднало мрак останале и без фазата што била во функција, па од работниците на терен им било порачано дека ноќва ќе ја поминат во мрак.

Жителите испратија допис до медиумите во кој меѓудругото се вели дека веројатно една од причините е што има бројни диви приклучоци на бандерите со оглед на тоа што граничат со две ромски мала.

Притоа потенцираат дека овој потег од ЕВН е крајно неодговорен со оглед на тоа што не го решиле проблемот барем во текот на денот, ако то веќе не можело синоќа.

-Ние жителите на Трајаново трло уште еднаш ја почувствуваме негрижата на институциите. Останавме без електрична енергија цел ден, а последниот одговор од ЕВН е дека ноќта мора да ја поминеме без струја, а веќе имаме и штети поради расипани електрични уреди, а и храната во фрижидерите веќе се распиува.

Имаме мали дечиња кои се оставени да мрзнат на овие ниски температури. Ова е преседан, со оглед на тоа што на нашите претходни апели да се отстранат бројните диви приклучоци, останаа глув, а сметаме дека тоа е едно од причините поради кои останавме без струја. Прашуваме дали во Кочани важи истот закон како и секаде во држават. До кога ние што плаќаме ќе страдаме, а ајдуците кои крадат струја ќе се чувствуваст привилигирани. Бараме итно, уште во текот на ноќта ЕВН да испрати екипи и под рефлектори да работи на отстранување на дефектот“

Извор