ПОЧЕТНА СВЕТ Во случајот со најтешко отруениот човек во Хрватска биле направени огромни пропусти

Во случајот со најтешко отруениот човек во Хрватска биле направени огромни пропусти

77

Откако анализите на шишињата ја свртеа приказната за труењето во друга насока со поништување на тезата за масовно труење, фокусот се префрла на единствените два релевантни случаи – оној од минатиот викенд кога маж се здоби со хемиска повреда на хранопроводникот откако испил течност што требаше да биде Ромеркел, но всушност беше силна луга, како онаа на Станко Лаковиќ, чиј хранопровод беше запален во мај во ресторан во Риека.

Хрватскиот Индекс тврди дека има сознанија „за неверојатните пропусти во тој случај“.

Како што пишува Индекс, случајот со труењето од мај сериозно почнал да се истражува дури во октомври. Конкретната акција на Државното правобранителство во тој случај започнала дури откако Станко Лаковиќ се појави во медиумите пред месец и половина. Тој вели дека неговата сопруга веднаш по инцидентот повикала полиција, но дека полицијата веднаш не излегла на терен.

Според тврдењата во одговорот што ни го испрати синоќа, полицијата навистина дејствувала во одреден момент по настанот, но потоа од непознати причини сè престанало.

„Ве известуваме дека ова полициско одделение по спроведени увиди и прибирање информации за конкретниот настан во јуни годинава, пријавило во надлежното општинско државно правобранителство во Риека.

Општинското државно правобранителство во Риека во текот на октомври годинава нареди полицијата да спроведе дополнителни увиди во врска со овој настан. За дејствието по наредба известено е и надлежното државно правобранителство.

Во октомври годинава, полицијата го пријавила истиот настан во Државниот инспекторат, подрачна служба Риека, за да преземе мерки од нивна надлежност“, реагираат од полицијата.

Па така, од полицијата велат дека „по извршени увиди и прибирање информации“ за тој настан, без да прецизираат конкретно што е пронајдено, во јуни го известиле државното обвинителство. Но, велат дека ДОРХ дури во октомври наредил дополнителни инспекции.

Извор и целиот текст на А1он – клик ТУКА.

ПретходнаЗа осум години 250 илјади албански граѓани ја напуштиле државата
Следна(Видео) Хаос каков што не се памети: Албански пратеник активира димни бомби во парламентот