Благодарение на палестинскиот новинар Мотаз Азаиза, повеќе од 13 милиони луѓе кои го следат на Инстаграм имаат увид во трагичното секојдневие со кое луѓето од Газа се справуваат повеќе од еден месец.
Жителите на Газа почнаа масовно да ја напуштаат областа за да се обидат да избегаат од немилосрдните израелски напади.
Бескрајна колона од деца, жени и стари лица се движи по улицата Салах-ал Дин кон југот на земјата.
Покрај снимките од смрт, болка, патење и страдање, Мотаз се обидува во своите видеа да ја прикаже храброста на палестинскиот народ и силата и волјата за живот што не го напушта ниту во најлошите моменти.
На својот Инстаграм профил сега објави видео на кое може да се види како мајка ги влече своите две деца на седишта за автомобил додека носи големи торби на грбот.
„Супер мајка. Ги влечеше своите две деца повеќе од пет часа, дури 14 километри. Од брегот на Газа до средината на областа“, напиша Мотаз со видеото кое собра речиси милион лајкови.