ПОЧЕТНА СВЕТ Полицајка пронашла бебе кое два дена не јадело ништо и го доела...

Полицајка пронашла бебе кое два дена не јадело ништо и го доела (ФОТО)

79

Ги пронашла мајката и бебето на само четири месеци кои два дена не јаделе ништо. Бебето веднаш престана да плаче!

Полицајката Аризбет Дионисио Амбросио (33) пронашла мајка и четиримесечно бебе за време на спасувачка мисија откако ураган го погодил Мексико.

Аризбет оддалеку го слушна плачот на бебето. Тој плач се повторил, па тргнала во потрага по детето. Ги пронашла мајката и бебето на само четири месеци кои два дена не јаделе ништо.

Амбросио, мајка на две деца, ја извади заштитната опрема и почна да го дои бебето. Бебето веднаш престана да плаче.

„Тоа е добро чувство. Тоа е дете, и ако нешто не повредува како мајки, тоа е гледањето дете во овие околности“, изјави Амбросио.

Мексиканските спасувачки служби објавија фотографии и видеа од полицајка со бебе.

ПретходнаМакедонци, Албанци, Срби и Босанци иако немаат шанси да добијат азил, а сепак доаѓаат во Германија: Зошто?
Следна„Гоце Делчев, Даме Груев….Алабаковски“ – Игор Џамбазов го прогласи Ламбе за ХЕРОЈ (ВИДЕО)