ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ФОТО: Нема ГОЛЕМА АЛБАНИЈА – Во Сопот отстранета плочата со картата на...

ФОТО: Нема ГОЛЕМА АЛБАНИЈА – Во Сопот отстранета плочата со картата на „голема Албанија“

133

Како што јави телевизија Сител, вклучувајќи се во живо од Сопот, пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта

Плочата на која беше прикажана карта на „голема Албанија“ лоцирана пред меморијалниот центар во Сопот, е отстранета, јави Сител телевизија.

Како што јави телевизијата, вклучувајќи се во живо од Сопот, пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта.

Викендов во кумановското село Сопот беше отворен музеј во рамки на меморијалниот комплекс кој е посветен на жртвите од нападот во Сопот на 4 ноември 1944 година. На настанот присуствуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потоа на Фејсбук објави фотографии од музејот, а под нив напиша:

„Нашата слобода е заснована во крвта на најдобрите синови и ќерки на нашата нација, во големината на нивниот патриотизам. Вечен нека им е споменот! Слава на сите маченици и маченици на нацијата!“

Фотографијата со картата на „голема Албанија“ предизвика бурни реакции во јавноста, а премиерот Димитар Ковачевски истакнувањето на картата го оцени како задоцнето 145 години. Ако нешто може да ги отслика односите на Балканот пред 145 или пред 200 години, оцени Ковачевски, се такви слични карти што ги има секоја балканска држава.

Ваквите настани, рече Ковачевски, секогаш со право предизвикуваат бура реакции кај граѓаните.