ПОЧЕТНА СВЕТ ХАОС на улиците во Германија: Младо момче мавтало со НОЖ – полицијата...

ХАОС на улиците во Германија: Младо момче мавтало со НОЖ – полицијата веднаш го застрела

96

Полицијата во германскиот град Келн во вторникот вечерта пукала кон 16-годишен младинец кој, според очевидци, се заканувал со нож на неколку лица, јави ДПА.

Во соопштението на полицијата се вели дека неколку луѓе се јавиле на 911 за да пријават млад човек кој брка луѓе по улицата мафтајќи со нож.

Тинејџерот бил пренесен во болница со прострелна рана нешто по 20 часот по локално време. Според официјални извори, тој е на интензивна медицинска нега и неговата состојба не е опасна по живот.

Започна процедурална истрага за употреба на огнено оружје од страна на полициски службеници. Случајот го презеде блискиот град Бон. Засега останува нејасно колку истрели биле испукани и каде е повреден младичот. Неговиот тест на крвта покажа дека не користел алкохол или дрога.