ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Mитев: Ќе го оставиме срцето на терен за Македонија

Mитев: Ќе го оставиме срцето на терен за Македонија

81

Утревечер Македонија го стартува настапот на Светското првенство, а противник ќе ни биде селекцијата на Унгарија.

Ракометарот Марко Митев пред натпреварот истакна дека сите во репрезентацијата се максимално мотивирани и ќе дадат се од себе за на најдобар начин да ја претстават Македонија.

„Долго време се подготвувавме и го анализиравме противникот, Унгарија е фаворит во нашата група и тоа јасно го покажуват резултатите. Можеби сме аутсајдери во натпреварот, но наша цел е да излеземе на теренот и да се надигруваме. Сите во тимот ќе го дадат максимот и ќе го оставиме срцето на теренот за Македонија“, изјави Митев.

Македонија натпреварот против Унгарија го игра утре во терминот од 20:30 часот, а потоа следат натпревари против Холандија на 17 јануари и против Гвинеја два дена подоцна.