Ракометниот прволигаш Радовиш ќе направи промени во играчкиот кадар за продолжението од сезоната, а потврда за тоа се четирите договорени засилувања.
Обезбедени се четворица нови играчи од кои тројца се интерционалци од Либан, Тунис и Египет. Се работи за голманот Хусеин Сакр, левиот бек Хамза Фалах и десниот бек Калид Махмуд.
Исто така е договорен и кружниот напаѓач Томче Трачевски кој досега беше дел од Прилеп.
Клубот од утре ќе ги започне подготовите, а главната цел е да се обезбеди опстанок во Суперлигата.