ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Шкупи се засили со голман од Коњаспор

Шкупи се засили со голман од Коњаспор

14

Oд редовите на Шкупи информираа дека се засилуваат со турскиот чувар на мрежата Јавус Ајгун.

Станува збор за голман кој има 28 години и кој во редовите на клубот од Чаир пристигнува од Коњаспор, а бранел и за уште неколку турски клубови.

Дебито во најсилното турско првенство Ајгун го имал во 2016 година на голот на Трабзонспор, а потоа бил дел уште од Гезтепе, Ордуспор, Болуспор, Карагумрук и Испарта.

Договорот кој го потпиша со Шкупи е со важност од две години.