ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонски државјани со серија тешки провали низ Хрватска, користеле специјален алат

Македонски државјани со серија тешки провали низ Хрватска, користеле специјален алат

29

Полициски службеници од Службата за општ криминал од 1-та полициска станица Риека откри серија тешки кражби.

Тројца државјани на Северна Македонија на возраст од 37, 42 и 50 години се пријавени за вкупно 16 кривични дела, објави Индекс.хр.

Според резултатите од истрагата, осомничените во периодот од март до крајот на септември минатата година упаднале во 16 станови во областа Риека. Од становите украле накит, пари и други вредни предмети, при што на хрватските државјани им нанеле штета од најмалку 97 илјади евра.

При увидот пронајдени се дел од украдените предмети и специјален алат за кражба што се користел при извршување на делата.

Покрај кражбите во Риека, истражителите откриле дека осомничените во август извршиле две слични кривични дела во Макарска, додека во октомври извршиле кражби и во областа на Загреб, каде на крајот биле уапсени од полициски службеници од полициската управа во Загреб.