ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кривичниот суд го одбил барањето на ОЈО да му одреди мерки на...

Кривичниот суд го одбил барањето на ОЈО да му одреди мерки на претпазливост за Ковачевски

769

Се уште нема никаква официјална информација каде е поранешниот директор на државната ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е осомничен за случајот „Адитив“.

Скопскиот Кривичен суд го одби барањето на Обвинителството да му определи мерки на претпазливост на поранешниот директор на Електрани Македонија Васко Ковачевски, осомничен во случајот Адитив. Оттаму информираат дека судот го добил известувањето од МВР и предлогот е отфрлен со оглед на тоа дека осомничениот не е достапен за органите на прогон.

„Судија на претходна постапка може да постапува и да донесе решение за прифаќање на предлог на Јавен обвинител, без да биде сослушано осомниченото лице, само доколку за истото е предложена мерка притвор, но не и кога против истото лице се предложени мерки за претпазливост, како во конкретниот случај и истото лице воопшто не е лишено од слобода и спроведено во судот да се произнесе за предлогот како што налагаат одредбите од ЗКП.“…велат од Кривичен.

Министерот за внатрешни Панче Тошковски претходно рече дека е вчудовиден што обвинителството не барало притвор и за него, прашан околу тоа дали МВР го известило Обвинителството Ковачевски е недостапен за органите на прогонот.

„Од наша страна се преземени сите дејствија за информирање на јавното обвинителство, известено е писмено и усмено за лицето. Јавниот обвинител од ОЈО-ГОКК сметал дека не треба да бара таква мерка согласно одредбите од ЗКП. Иако мене ако ме прашате лично, малку сум вчудоневиден, како лице за кое се сомневаме дека е вклучен во криминал д околу 6,5 милиони евра, само за тоа лице – Обвинителството не побара најстрога мерка. Јавното обвинителство имало право, а и ако ме прашате мене – морало, да побара притвор. Зошто не го сториле не знам. Судот не можел да изрече најстрога мерка, ако не било побарано.“

Но од обвинителството одговорија дека од МВР вчера го добиле известувањето дека осомничениот во моментот на претресот не бил пронајден на домашната адреса.

-Законот за кривична постапка е јасен и дециден во вакви случаи – МВР треба најпрво да го извести судот кој ќе побара од полицијата да ја утврди достапноста на лицето. Доколку притоа се утврди дека лицето е недостапно, судот известувањето на МВР ќе го достави на запознавање во случајов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ќе побара обвинителството да се произнесе во однос на предлогот за определување на мерките на обезбедување.

До денес, велат од обвинителството, не добиле документ од судот и обвинителите не можат да прескокнуваат постапки и институции и да носат предлози надвор од нивните овластувања. Кога ќе го добијат известувањето ќе се произнесат околу мерката за обезбедување.

И за случајот Државна лотарија откако во рамки на истрагата вчера беше уапсен сопственикот на кумановската компанија „Ритрон копи“, Тошковски вели дека се истражуваат и други сомненија за сторен криминал. Тој денеска ги презентираше резултатите за сработеното на МВР откако е на министерската позиција.