Оваа зима фудбалскиот клуб Вардар го ангажираше младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Тодоровски.
Овој играч во редовите на скопските „црвено-црни“ доаѓа од екипата на Брера Струмица.
Тодоровски, како играч од средниот ред, запиша вкупно 16 настапи и два голови за Брера, а претходно настапуваше и за Работнички.
Претходно Вардар се засили со Словакот Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски и Мите Цикарски.
Оваа сезона скопскиот клуб за цел има опстанок во Првата македонска лига, моментно е на претпоследното место со 13 бодови. Во четвртфиналето од Купот ќе игра против Силекс од Кратово.