ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Лазаров е тренер на годината, а ракометните селекции се најдобри за 2024

Лазаров е тренер на годината, а ракометните селекции се најдобри за 2024

56

Министерството за спорт ја организираше церемонијата на која беа избрани најдобрите спортисти за 2024 година. По прогласување на Бобан Илиоски и Милјана Рељиќ за најуспешни во изминатата година, беше доделена награда и за најдобрите репрезентации.

Најдобри репрезентации за 2024 година беа женската и машката ракометна селекција, додека наградата за тренер на годината му припадна на селекторот на ракометарите, Кире Лазаров.

-Сакам да се заблагодарам за наградата за тренер на годината. Задоволство ми е што сум ваш избор. Посакувам многу успеси на сите репрезентации во иднина. Тие го обединуваат народот и мора да вложуваме повеќе за да ги израдуваме навивачите, кажа Лазаров.

Претходно признание им беше доделено и на ракометните судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.