Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на емисијата „Топ тема“, информира дека досега се издадени околу 1.800.000 пасоши со новото име на државата.
Тошковски истакнува дека целиот процес се одвива во тековно и без никакви проблеми.
-Нема турканици, се вадат во законскиот рок, се закажуваат термини за кратко време. Хаосот повеќе го нема, обрасци има доволно, нагласи Тошковски.
Министерот нагласи дека нема да се дозволи за десет години, кога ќе треба треба да се менуваат сега издадените пасоши, да се случи граѓаните и државата повторно да се најдат во истата ситуација.
-Ќе најдеме соодветен начин како да одговориме на овој предизвик, нагласи Тошковски.