ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Патот за Галичник се уште неисчистен и непрооден

Патот за Галичник се уште неисчистен и непрооден

67

Во текот на минатава недела Македонија пат направи неуспешен обид да го исчисти патот кон Галичник, велат од МЗ Галичник и укажуваат дека во минатото патот се чистел само со булдожер гасеничар и секој друг обид е залудно трошење време.

Според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден, потенцираат од Месната Заедница.

Со оглед на најавите за нови снежни врнежи, жителите на ова село очекуваат брза реакција од надлежните институции за расчистување на патот, кој е непрооден од крајот на ноември.