ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

11

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на охридскиот Црвен крст денеска по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

Традиционално и овојпат украсената елка блесна во езерските води кај Музејот на коските, каде ќе можат да ја видат сите гости што ќе го посетат Музејот за новогодишните и Божикните празници.

Како и секоја и оваа новогодишна елка нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат до крајот на јануари.