ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВРЕДИ: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните

ВРЕДИ: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните

24

Партиjата нон грата ДУИ, оваа лоша копија на Груевски, во својот очај како изолирана партија, ги користи и најболните случаи само за да го нахрани сопственото гнасно его. Кога беше време да застанат зад здравството, ДУИ се скрија зад своите афери и корупциски шеми, покажувајќи дека за нив власта е поважна од животот на народот. Денеска не имостана лице да бараат одговорност, бидејќи ги наследивмепоследиците од нивното водство додека работиме насанирање на тие проблеми, соопшти ВРЕДИ.

-Станува збор за истата партија која поради својата корумпираност предизвика смрт на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово.

Ова е истата партија која две децении држеше во неизвесност илјадници здравствени работници, држејќи ги на привремени договори и злоупотреба ги како изборни алатки.

Но, со Таравари задолжен за здравство, оваа срамна практика завршува! Завршува нивната неизвесност, почнувајќи од систематизацијата на над 1.000 здраствениработници!

Фактите не лажат. Откако ВЛЕН ја презеде одговорноста за здраството, работите почнаа да се менуваат. За прв пат по 15 години е ажурирана позитивната листа на лекови, со што се олеснува товарот на илјадници пациенти. Само годинава, благодарение на заложбата на министерот Арбен Таравари, се примени 300 нови специјализанти, а следната година ќе бидат примени уште 300.

ДУИ нон грата го остави здравството во “клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари“, потенцираа од коалицијата.

-Граѓаните ја видоа разликата, тие што уништуваат и тие што градат. ВЛЕН е одлучен во својата заложба за градење наживотот во нашата земја и немаме намера да застанеме и даги слушаме муабетите на оние кои со години уништуваа сèшто им доаѓаше на патот.

ВЛЕН се залага за подобар живот на граѓаните, нагласуваат во денешното соопштение.