Полицијата во Куманово заплени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства во продажен објект во населбата Карпош. Претресот бил извршен со судска наредба, а парчињата била најдени во магацинскиот простор.
-На 16.12.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, се вели во полициското соопштение.