ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Три земјотреси почувствувани во земјава, најсилниот е со јачина од 3,2 степени

Три земјотреси почувствувани во земјава, најсилниот е со јачина од 3,2 степени

368

Три земјотреси се почувствувани во земјава после полноќ, од кои најсилниот со јачина од 3,2 степени ја погоди околината на Гевгелија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).

Прв е почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го осетиле и жителите на Дојран. Неколку минути подоцна во истиот регион е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Десетина минути подацна, земјотрес е почувствуван и на северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.

Него го почувствувале жителите на Скопје и околината.

Според пишувањата на граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот во Скопје траел кратко, придружен со звук.