ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Работниците да не потпишуваат бланко документи за исплата на К-15, газдите повторно...

Работниците да не потпишуваат бланко документи за исплата на К-15, газдите повторно најдоа начин како да го заобиколат законот

85

Работниците, да внимават и да не потпишуваат бланко документи, бидејќи на тој начин дозволуваат да им се исплати понизок износ на К-15 од предвидениот, алармираат од штипското здружение Гласен текстилец. Досегашното искуство покажува дека работодавачите успеваат да го заобиколат законот и на работниците, пријавувајќи дека работат со загуби им исплатат регрес за годишен одмор од 1000, 2000, па дури и 500денари.

„Во самиот Закон за работни односи, не во колективните договори да си стои, сумата 40% од просечна плата, меѓутоа не смее да се наведе износот кој не смее да биде под таа сума. Тоа е единствен начин да се запрат злоупотребите на грбот на работниците, а од страна на синдикатите. Овде не можам да ги обвинам Организација на работодавачи, бидејќи тие си го бранат сопствениот капитал„ изјави Кристина Ампева од Здружението на граѓани, Гласен текстилец.

Освен казни за работодавачите, потребно е УЈП да направи контрола во завршните сметки на фирмите кои пријавиле дека изминатата година работеле со загуба. Според Ампева, на тој начин ќе се заштитат работниците, но и ќе се утврдат кои се компаниите кои на грбот на работниците, го изиграле законот.

„Казните во време на претходната власт на работодавачите им дадоа ветер во грб за да ги кршат законите. Ете тоа е Законот за прекршоци, затоа да не ги гледаме казните, туку да ја натераме УЈП, за оние кои пријавиле загуба и оние фирми кои исплатиле сума пониска од 16.800да проверат за какви загуби се работи. Дали се работи дека некој газда си купил ново порше, нова вила …треба да се провери тој момент. Вообичаено тие сега пријавуваат загуба со тоа што ќе го обноват нивниот личен возен парк„ изјави Кристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец„.

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за секој работник под услов да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. До крајот на месецот, на сметките на вработените треба да легнат парите за годишен регрес, односно К-15, кое годинава за приватниот сектор е 16.800, а за јавниот сектор речиси 11.000 денари.