ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонката Соврановски која исчезна во Германија пронајдена мртва, полицијата се сомнева на...

Македонката Соврановски која исчезна во Германија пронајдена мртва, полицијата се сомнева на убиство

304

Македонката Наташа Соврановски која што беше пријавена за исчезната на втори септември во Германија е мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство. Нејзиното тело е пронајдено минатиот понеделник во шумска област во Бад Тејнах – Завелштајн, кој се наоѓа во близина на градот Штутгард, информираат од германската полиција.

Во рамки на истрагата, осомничен за убиството е 45 годишен маж кој, како што наведува полицијта, имал лична врска со Соврановски. Тој е приведен и на него му е определена мерка притвор. Се сомничи за убиство од небрежност.

Полицијата ги повика сите оние кои биле сведоци или имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Македонката да ги контактираат.

25 годишната девојка последен пат била видена на втори септември во 20:15 часот во Бад Тејнах – Завелштајн, во близина на Штутгард. Од тогаш и се загуби секаква трага.