ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Група насилници нападнале комунални редари, оштетиле и возило на Град Скопје

Група насилници нападнале комунални редари, оштетиле и возило на Град Скопје

16

Повеќемина напаѓачи, кои користеле метални предмети, вчера им се нафрлиле на тројца комунални редари од Град Скопје, при што е оштетено и возило на Градот, соопшти полицијата.

– На 26.09.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.20 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, И.С.(49) од Волково, скопско, М.П.(52) од Скопје и Г.М.(56) од Скопје, тројцата комунални редари во Град Скопје, биле физички нападнати од повеќе лица, кои употребиле метални предмети, при што оштетиле и едно возило на Град Скопје, соопшти МВР.

Од МВР додаваат дека преземаат мерки за расчистување на инцидентот.