ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА ЗАМЕНА НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Еве кои...

КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА ЗАМЕНА НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Еве кои се цените

381

До крајот на годината возачите ќе мора да ги заменат старите возачки дозволи кои го носат старото име на државата.

Од први јануари ќе важат само возачките со новото уставно име – Република Северна Македонија, па од Министерството за внатрешни работи апелираа до возачите да закажат и да ги заменат возачките за да не се доведат во ситуација да треба да плаќаат казни.

За да извадите нова возачка дозвола треба да поднесете барање, да ја приложите возачката дозвола и валидна лична карта. Да уплатите 420 денари за образецот или 1230 денари доколку сакате да ја извадите по итна постапка. Плаќањето може да го направите на уплатница во банка или на лице место, на ПОС терминал.

Административната такса чини 170 денари, и таа како и уплатата може да се направи на уплатница или на лице место.

Инаку, возачите кои нема навреме да ги заменат возачките дозволи, а кои по први јануари ќе бидат фатени со стари возачки дозволи кои го носат старото име Република Македонија, ќе се смета дека се фатени со неважечки дозволи, па затоа според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе добијат прекршочен патен налог и казна во износ од 100 евра.