Брзите кредити се болна работа. Тие се полоши од лихвар и извршител заедно. Вака коментираат наши читатели кои ни испратија и фотографии како докази (достапни за редакцијата), во кои се гледа дека за обичен кредит се наплаќа по двојно или тројно поголема камата од основата на кредитот.
„Објавете ги сегде, тоа е болно“, ни вели нашиот соговорник, чие што име исто така е достапно за редакцијата.
Иако многу партии ветуваа дека ќе ги укинат или барем ќе ги контролираат брзите кредити, тоа не само што не им успева, туку тие земаат поголем замав, а на шетета на граѓаните. Револтот е голем велат тие, веќе е формирано и тело кое ќе се бори против брзите кредити и нивната брза заработка.
„Веќе формиравме тело, имаме и контакт на социјалните мрежи со повеќе од 200 луѓе кои буквално се ограбени од брзите кредити. Нема да остане на ова. Ќе ја тераме работата до крај и конечно ќе бараме овој грабеж да прекине“, велат нашите соговорници.
Текстот продолжува…