ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БОМБА од МНР: Скопје не ја витка кичмата – ЕВЕ што доби...

БОМБА од МНР: Скопје не ја витка кичмата – ЕВЕ што доби бугарскиот амбасадор во Македонија

776

Нотата од македонска страна следи по реакциите во домашната јавност зошто на фотографијата од ракувањето меѓу двајцата претседатели го има само бугарското знаме.

На тукушто акредитираниот амбасадор на Бугарија во земјава, Желјаско Радуков, му падна задачата да ги извлекува „врелите костени“ за петочната непријатна дипломатска ситуација во која претседателите Румен Радев и Горадана Сиљановска-Давкова се ракуваа само пред бугарско, а без македонско знаме.

На Радуков му е врачена протестна нота за овој, како што го објаснуваат во македонското МНР, протоколарен пропуст на бугарската страна.

Извори во МНР објаснуваат дека тимови за протокол од двете страни, во периодот пред средбата, ги утврдиле сите детали кои предвидувале фотографирање на двајцата претседатели само во работните простории на Радев, а не и при ракувањето пред кабинетот, локација каде македонското знаме го нема.

Објаснувањето од министерството зошто веднаш не се реагирало, туку тоа се прави откако за случајот се крена врева во домашната јавност, е дека се имало обзир за ситуацијата зашто само неколку часа претходно се случи авионска несреќа во која загинаа двајца пилоти на бугарското воено воздухопловство.

На прашањето зошто овие проблематични фотографии без македонското знаме ги сподели и кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, претставникот на МНР не упати да го прашаме кабинетот.

Сепак, и покрај овој дипломатски иницидент, посетата на делегацијата предводена од шефицата на државата на Софија во МНР се смета за позитивна бидејќи сепак се седнало на иста маса и се разговарало за прашања од интерес на двете држави.

На работниот ручек меѓу двете делегации, како што велат од МНР, не станало збор за уставните измени, прашање за кое самата Сиљановска-Давкова потврди дека било отворено при разговорот што таа го имала со Радев. Во однос на севкупната ситуација со Бугарија, од министерството со кое сега управува Тимчо Муцунски, кадар на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, велат дека позицијата е дека Северна Македонија ќе разговара, но дека не е подготвена да оди напред под овие услови, мислејќи на договорот од 2022 година со кој, меѓудругото, се предвидува уставни измени за да се отоврат преговарачките поглавја.