ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА БОМБА ПОГОДИ ЗГРАДА ВО ХАРКОВ: Повредени се 30 граѓани, 3 се деца

БОМБА ПОГОДИ ЗГРАДА ВО ХАРКОВ: Повредени се 30 граѓани, 3 се деца

57

Најмалку 30 лица, меѓу кои три деца, се повредени откако руска наведувана бомба погоди станбена зграда во северозападниот украински град Харков, соопшти локалните власти, пренесува БТА.

„Ударот предизвика пожар во повеќекатната станбена зграда“, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Тој додаде дека има поголема штета на цивилната инфраструктура.

Харков е еден од најголемите градови во Украина и клучен индустриски центар лоциран блиску до границата со Русија. Градот постојано е цел на руски напади со гранати, ракети и беспилотни летала.