Полициски службеници од одделението Велушина при СВР Битола уапсиле уште еден пироман кој бил затекнат на самото место како потпалува сува трева во битолското село Кременица. И. Т., кој е жител на истото село, потпалил оган во близина на фабрика за вода, а пожарот навреме го изгаснале од битолската Територијална противпожарна единица.
При преглед, кај И. Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И. Т. е приведен и по целосно документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
Летово, СВР Битола има приведено неколкумина жители од Битолско за кои постојат сомнежи дека се обидувале да подметнат пожари на отворено.