ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Тренерот на Манчестер Јунајтед: Не сум Хари Потер

Тренерот на Манчестер Јунајтед: Не сум Хари Потер

145

Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед со 3:0 на „Олд Трафорд“ во третото коло од Премиер лигата.

Луис Дијас постигна два гола, во 35. и 42. минута, додека третиот беше дело на Мохамед Салах во 56. минута. Трагедија на натпреварот беше искусниот бразилски играч за врска Касемиро, кој направи две грешки во првото полувреме и на тој начин му овозможи на гостинскиот тим да постигне два гола и да го реши натпреварот.

Избраниците на тренерот Арне Слот, кој летово го наследи Јирген Клоп, имаат максимални девет бода и се на второто место со гол разлика 7:0, зад Манчестер Сити, кој исто така има три победи, но со гол разлика од 9:2. Ова беше втор пораз за Јунајтед, па со три бода е на 14. позиција.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг даде изјава по поразот. Холандскиот стручњак е убеден дека неговиот тим има шанси да го освои трофејот оваа сезона. Тој не сака да гледа негативно на натпреварот со Ливерпул и порача дека никој не треба да очекува од него магични резултати.

„Јас не сум Хари Потер, мора да признаете. За тројца играчи ова беше прв пат да бидат стартери на сезона. Мануел Угарте (нов играч, претставен пред натпреварот со Ливерпул) не играше ни една минута. Мора да влезе во форма, а потоа ќе најдеме место за него во тимот, сигурен сум дека ќе придонесе, но ќе бидат потребни неколку недели, можеби и еден месец“, рече Тен Хаг.

Тој разговараше со новинарите на прес-конференцијата. Тој тврдеше дека неговиот тим е подобар од пред две години кога го презеде, бидејќи „во спротивно немаше да освојуваат трофеи и да победуваат поголеми противници“.