ПОЧЕТНА СВЕТ 23 лица виселе наопаку околу еден час во забавен парк во Турција

23 лица виселе наопаку околу еден час во забавен парк во Турција

76

Во забавниот парк во Кахраманмарас, на југоистокот на Турција, поради технички дефект на атракцијата „камикази“, 23 лица виселе наопаку околу еден час.

Противпожарните бригади се испратени на терен и со помош на скали ги извлекле луѓето кои виселе во воздух.

Пет лица се пренесени во болница поради напад на паника, јавува ТРТ Хабер.

За инцидентот е започната истрага.