Управата за јавни приходи извести дека денес се генерираат налози за отпочнување на исплатата на парите од „Мој ДДВ“.
„Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата, се вели во соопштението на УЈП.