ПОЧЕТНА СВЕТ Две жени загинаа во поплави во Конектикат

Две жени загинаа во поплави во Конектикат

74

Во поплавите во сојузната држава Конектикат загинаа две жени, откако обилните дождови уништија патишта и урнаа дрвја, принудувајќи ги спасувачите да извлечат некои од жртвите од надојдените води со чамци, соопштија локалните власти.

Дождовите за време на викендот предизвикаа големи поплави во западниот дел на Конектикат и по што се прелеа реката Литл во градот Оксфорд, на околу 65 километри југозападно од Хартфорд.

Во два одвоени инциденти во неделата, една жена загинала во својот автомобил, а другата загинала додека се обидувала да се држи за знак, изјави началникот на пожарникарите во Оксфорд, Скот Пелетиер на прес-конференција.

Во двата случаи, пожарникарите биле на самото место обидувајќи се да ги спасат жените кога поплавите ги однеле жртвите, рече Пелетие.

Телата на жртвите биле пронајдени вчера.

Гувернерот Нед Ламонт, кој ја нарече бурата „историска“, прогласи вонредна состојба за да го забрза закрепнувањето на државата.

– Ова е само потсетување дека мораме да се држиме заедно во ваков момент, рече Ламонт.

Државната полиција успеа со чамци да спаси луѓе заглавени на две одделни локации.