ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР (ВИДЕО) Инцидент во Турција: Газдата на Фенербахче со раскрвавена глава по мечот...

(ВИДЕО) Инцидент во Турција: Газдата на Фенербахче со раскрвавена глава по мечот со Гезтепе

500

Фенербахче одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Гезтепе во второто коло од турскиот шампионат во меч кој го одбележаа немили сцени на тревникот и на трибините во кои најдебелиот крај го извлече претседателот и сопственик на Фенер, Али Коч.

Навивачите од трибините фрлаа со сè и сешто, но првиот човек на Фенер беше нападнат од човек кој имал акредитација за да биде на теренот. На Коч му е повредена главата, а лицето кое го нападна веднаш е идентификувано и приведено.