ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Левица ја фрли коцката: Даваме поддршка за БИЛО КОЈ пратеник од ВМРО-ДПМНЕ...

Левица ја фрли коцката: Даваме поддршка за БИЛО КОЈ пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да биде претседател на Собранието, наместо Гаши

2755

ЛЕВИЦА СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ГАШИ, СЀ УШТЕ ВАЖИ БЛАНКО ПОДДРШКАТА ДО ДПМНЕ ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

🗣Прес-конференција на Претседателот на #Левица, пратеникот Димитар Апасиев, по повод поднесената Интерпелација по основ на седум точки, образложена на десет страници, за актуелниот спикер на Собранието – Африм Гаши:

„1️⃣Првата е повреда на секуларноста на државата. Со верскиот обред, односно со групната молитва којашто ја направи Претседателот и којашто е нешто без преседан во историјата на македонското Собрание, повреден е членот 19 и амандманот 7 на Уставот на Република Македонија, повредена е судската пракса на Уставниот суд, посебниот Закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, а се повикуваме и на јуриспруденцијата на ЕСЧП.

2️⃣Втората основа по којашто ја поднесуваме Интерпелацијата е повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание, учествуваше во, практично, дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена зона.

3️⃣Третиот основ е повреда на употребата на македонскиот јазик. Од свечената изјава па наваму, Претседателот на Собранието свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност, дури и за пратениците кои се Македонци.

4️⃣Четвртиот основ е повреда на правилата за употреба на државните инсигнии. Сметаме дека во пленарната сала, спротивно на Законот, нелегално стојат уште две други знамиња – на НАТО и ЕУ.

5️⃣Петтиот основ е повреда на начелото на инкомпатибилност на функциите, односно го повикуваме на политичка одговорност за тоа што не го констатираше престанокот на мандатот на новоизбраниот пратеник Таљат Џафери кој илегално ги извршуваше функциите премиер и пратеник.

6️⃣Шестиот основ е повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам. Со тоа што сопругата на Гаши патуваше со него во Вашингтон, повреден е Законот за спречување на корупција и е направена тешка дисциплинска повреда на Етичкиот кодекс за пратениците.

7️⃣Последниот основ е повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците. Не се почитуваат императивните рокови за закажување седници, продолжува лошата пракса на шверцување закони по скратена постапка и не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците.
Очекуваме согласно новиот Деловник, веднаш после одморите, почеток на септември, на првата наредна седница после истекот на десет работни дена, спикерот Гаши да ја постави оваа Интерпелација.

📣Уште еднаш го кажуваме нашиот јавен повик до ДПМНЕ, дека стоиме на располагање за избор на нов човек, од нивната пратеничка група, бланко поддршка, само за да се смени спикерот Гаши којшто воведува непринципиелни политики во Собранието.“