ПОЧЕТНА СВЕТ Мексикански новинар беше убиен и покрај полициска заштита

Мексикански новинар беше убиен и покрај полициска заштита

50

Мексикански новинар кој работел во една од областите со најмногу криминал во земјата бил убиен од вооружени напаѓачи синоќа, а двајца полицајци кои биле задолжени за негово обезбедување се ранети, соопштија локалните власти.

Интернет порталот за вести што го води репортерот Алехандро Мартинез ја потврди неговата смрт. Страницата ги покрива локалните вести и криминалот во Селаја, најопасниот град за полицијата во Мексико.

Полицијата на Селаја соопшти дека Мартинез бил застрелан од напаѓачи кои патувале во друго возило. Двајцата телохранители се во болница, но не се знае за нивната состојба.

Новинарот добил полициска заштита откако пријавил дека добива закани. Државното обвинителство во Гуанахуато соопшти дека го истражува убиството.

Мартинез известувал за фатална сообраќајка на автопат само неколку часа пред да биде нападнат. Неговите ранети телохранители го однеле во болница, каде што починал.

Гуанахуато има највисока стапка на убиства меѓу сите 32 држави во Мексико, најмногу поради повеќегодишната војна помеѓу нарко картелот Халиско и локалната банда Санта Роса де Лима. Вкупно 18 полицајци се убиени од почетокот на годината во Селаја, град со околу половина милион жители. За повеќето од тие убиства се осомничени нарко бандите.