Мега популарнииот пејач Саша Ковачевиќ го откажа концертот во Охрид, закажан за вечерва. Регионалната ѕвезда и познат срцекршач се огласи на социјалните мрежи:
– Драги мои Македонци, со оглед дека организаторот на концертот во Охрид, закажан за 05.08, не ги испочитува основните договорни обврски, за жал, принудени сме да го откажеме концертот, и покрај сета желба и труд да се случи истиот. Со исклучиво нетрпение го очекувам нашиот следен собир со различен организациски состав. Многу љубов и бакнежи! – напиша Ковачевиќ.
Концерот на пејачот беше закажан за на Античкиот театар.