ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Ѓоковиќ продолжува да гази – без загубен сет меѓу осумте најдобри во...

Ѓоковиќ продолжува да гази – без загубен сет меѓу осумте најдобри во Париз!

298

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, без поголеми проблеми без пласира во четврт-финалето на олимпискиот турнир во Париз, откако попладнево во два сета го совлада Доминик Кепфер од Германија (7-5, 6-3).

Србинот потешко од очекувањата дојде до првиот сет и тоа со брејк во последниот гем пред тај-брејкот. Во вториот работите беше далеку полесни за ветеранот, со оглед што веднаш му го одзеде сервисот на противникот и до крајот ги доби сите гемови на свој сервис.

Ѓоковиќ за противник за пласман во полуфиналето ќе го има грчкиот тенисер, Стефанос Циципас, кој претходно денеска беше подобар од Аргентинецот Себастијан Баез (7-5, 6-1).