Делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска патува за Соединетите Американски Држави (САД) каде што ќе учествува на самитот на НАТО во Вашингтон по повод 75-години од формирањето на Алијансата.
Информацијата ја објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е дел од делегацијата. Во видеообраќањето на Фејсбук, Муцунски порача оти самитот е одлична прилика за да се демострира единството на сите сојузници и заемни заложби за унапредување на трансатланската соработка.
„Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка. Ние и понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2 отсто од БДП инвестиции во одбраната како и со поддршката која ја даваме на Украина“, рече Муцунски во видеообраќањето.